Монструмот од кафе барот во Житиште ќе се вади на картата непресметливост?

Синиша Златиќ, монструмот кој ја уби својата поранешна сопруга Дијана и уште 5 други лица во кафе-барот Макијато, е префрлен во специјалната затворска болница во Белград.

По налог на судија, лекарите би требало да утврдат дали бил пресметлив во моментот на убиството. Тој направи вистински масакар, откако со пушка ја уби сопругата, момчето и пријателката, и продолжи да пука во лицата во локалот.

Не е исклучена можноста тој да проба да се извлече на картата дека бил непресметлив во моментот на монструозниот чин. Така би можел да се извади од ситуацијата во која уби голем број луѓе, вели извор.

Инцидентот што го остави во шок целиот Регион се случи на 2-ри јули во Житиште кога Синиша со калашников уби 5 лица, а рани 20 други, откако другарите го задевале за новото момче на поранешната сопруга.

Тој го остави своето синче без мајка и татко.