Монструозно, аутистично дете мајка му го држела во кафез 40 години

Во јужна Кина, од кафез е ослободен Пенг Вејкинг кој помина речиси четири децении заклучен во еден квадратен метар. За неговиот случај се дознало дури откако неговата мајка, која се грижела за него, јавно ги повикала луѓето некој да ја преземе грижата, бидејќи таа била на смртна постела. Таа починала, а тој е конечно слободен.

Полицајците од кинеската провинција Фуџијан, морале да користат чекан за да го ослободат, бидејќи бравата била зарѓавена.

Неговото семејство го заклучило откако му била дијагностицирана тешка психичка болест и станал агресивен.

Хонг сега е во психјатриска болница. Иако ова однесување на неговот семејство е нехумано, ова е вообичаена појава во руралните делови на Кина, каде што имало повеќе вакви случаи.

Семејствата не се информирани што предизвикува агресивно однесување кај децата и затоа веруваат дека им вршат услуга што ги држат заклучени.

Во други случаеви пак, семејствата немаат пари за лечење.