Свет

Монт Еверест ги зеде првите жртви оваа година

Монт Еверест ги зеде првите жртви оваа година

Ерик Арнолд (35) имал со себе доволно боци со кислород, како и неговите партнери планинари, но почувствувал дека му се лоши и починал ноќта спроти саботата, пред да успее да слезе пониско. Тој починал во близина на Јужно седло, соопштија денеска од агенцијата „Севн самит трекс“ во Катманду.

Според австралиските медуми Марија Страјдам исто така покажала симптоми на височинска болест вчера попладне по што починала.

Ова се првите регистрирани смртни случаи за оваа година во регионот на највисокиот врв на Земјата.