Монтечемоло се повлекува од Ферари

Претседателот на Ферари, Лука Ди Монтечемоло се повлекува од функцијата, пишуваат италијанските медиуми.

На негово место ќе дојде првиот човек на „Фиат“, Серџо Маркионе.

На Ферари и оваа сезона не му оди најдобро, па по 13-та трка е четврти по генералниот пласман. Најдобриот возач на екипата Фернандо Алонсо е петти во генералниот пласман.