Спорт

Монтела најпосле ќе располага и со услугите на Марио Гомез

Монтела најпосле ќе располага и со услугите на Марио Гомез

Тренерот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Винченцо Монтела потврди дека по пауза од четри месеци, повторно на располагање ќе ги има и услугите на германскиот интернационалец, Марио Гомез.

Поранешниот напаѓач на Баерн (М) се повреди на стартот од новата сезона во италијанската Серија А, а клупскиот доктор потврди дека искусниот напаѓач ги има истегнато вкрстените лигаменти во десното колено.

“Гомез паузираше четри месеци но сега е подготвен за игра. Нема да брзаме, ќе почне со полесни тренинзи. Мислам дека можеме многу да профитираме од неговиот кам-бек. Имаме потреба од свежа крв во нападот”, изјави Монтела.