Спорт

Монтела не очекува клоца од клупските челници

Монтела не очекува клоца од клупските челници

Актуелниот предводник на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Винченцо Монтела ја негираше пласираната шпекулација дека во новата клупска сезона ќе биде тренер на големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Милан.

„Откако ќе го одиграме финалниот натпревар во Купот на Италија, јас ќе имам состанок со клупските челници и за време на истиот ќе биде дефинирана стратегијата за новата сезона во италијанската Серија А. Јас сум убеден дека нема ни теоретска шанса да не бидам тренер на Фиорентина во новата клупска сезона. Сепак, последниот збор ќе го имаат клупските челници. Од нив зависи дали ќе добијам клоца или ќе останам во тренерската фотеља”, изјави Монтела.