Монтела сака Балотели да биде закован на резервната клупа

На неколку часа до официјалниот старт на првенствениот дуел од 30. коло во италијанската Серија А, помеѓу екипите на Фиорентина и Милан, предводникот на „виолетовите”, Винченцо Монтела изјави дека подобро би било, најдобриот фудбалер во дресот на Милан, Марио Балотели, целиот натпревар да го следи од клупата за резервни фудбалери.

„Мислам дека нема некоја голема промена во Милан откако си замина Алегри. Милан и понатаму игра со истите фудбалери. Мислам дека го реализираат зацртаниот план, дека се движат во една позитивна насока. Ми се чини дека имаат потреба од подолг временски период за да го реализираат зацртаниот план. Марио Балотели? Лично не го познавам, но ми се чини дека станува збор за пријатна личност. Фудбалер кој може со само еден потег да го реши натпреварот. Се надевам дека нема да игра на денешниот натпревар, дека истиот ќе го следи од клупата за резервни фудбалери”, изјави Монтела.