Монтпелје на гости кај Зомимак М

Ракометарите на Зомимак М, денеска (18.00 ч) во Струмица ќе го одиграат натпреварот од 5. Коло во ЕХФ купот против францускиот гигант Монтпелје. Гостите веќе го одржаа првиот тренинг во спортската сала „Парк“, а струмичани ќе имаат можност да ги видат големите ракометни ѕвезди Тиери Омејер, Мишел Гигу, Вилијам Акрамбре…

Првиот меч во Франција, заврши со убедлив триумф на Монпелје од 41:22. Францускиот клуб е првопласиран во групата Б со сите четири победи, додека Зомимак М досега забележа четири порази во исто толку мечеви.