Мората: Јас сум фудбалер на Јувентус, но не заслужив свирежи

Јунакот при пласманот на Јувентус во финалето на Лигата на шампионите, Алваро Мората изјави дека го болат свирежите упатени од навивачите на Реал.

Мората го постигна изедначувачкиот погодок за 1:1 во Мадрид, кој на крајот се испостави како клучен за елиминацијата на европскиот шампион.

“Пресреќен сум. Првенствено сакам да им се заблагодарам на навивачите кои беа на стадионот и им порачувам дека ќе дадеме сѐ од себе во финалето. Ќе биде тешко, но можеме тоа да го направиме против Барселона во Берлин. Овој клуб не играл финале 12 години, но можеме да продолжиме да растеме и да сонуваме”
, изјави Мората.

Младиот Шпанец беше стрелец за Јувентус во двата натпревари против својот поранешен клуб, а поради тоа веројатно беше испратен со свирежи од навивачите на Реал при напуштањето на теренот.

“Таа ситуација беше тешка за мене. Не славев, само си ја вршев својата работа. Сега сум фудбалер на Јувентус и не го заслужив тоа. Овој гол му го посветувам на моето семејство и на навивачите кои секогаш се со мене. Исто така и на мојот агент кој минатото лето имаше тешка задача”, додаде Мората.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.