Мората: Ќе играм и во чест на навивачите на Реал

Шпанецот Алваро Мората, напаѓачот на италијанскиот првак Јувентус со два гола го елиминираше својот матичен клуб Реал Мадрид во полуфиналето, па во пресрет на финалето во Лигата на шампионите против Барселона, најави дека ќе игра в сабота и за мадриѓаните.

Мората најави дека ќе игра и во чест за Реал Мадрид, покрај битката за “сребрениот пехар”, кој Јувентус го чека веќе 19 години, од 1996 година. За Јуве ова е прво финале по 2003 година.

“Ќе се обидам да ја победам Барселона во чест на навивачите на Реал. Имаме шанса да напишеме историја. Играв со години за Реал и дуелот со Барселона е посебна мотивација, иако таа мотивација не е потребна, затоа што се работи за финале во ЛШ”, рече Мората.

Тој во Јувентус дојде минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.