Спорт

Мората нема време за чекање, Интер е на потег

Мората нема време за чекање, Интер е на потег

Хуанма Лопез, агентот на малдинскиот репрезентативец на Шпанија и резервен напаЃач на Реал (М), Алваро Мората изјави дека неговиот клиент е сериозно расположен за промена на клупската средина и дека таквото сценарио најверојатно ќе биде реализирано за време на летниот преоден рок.

„Дали е можно Интер да покаже уште поголем интерес за мојот клиент? Не можам да ја отфрлам таа опција, можно е Интер да испрати и официјална понуда. Каде ќе игра во новата сезона, дали во дресот на Интер или во тој на Реал (М)? Сите опции се во игра, се може да се случи за време на летниот преоден рок. Мојот клиент е расположен и за промена на клупската средина, а нема ни некоја нова вест кога е во прашање новиот договор со Реал (М)”, изјави Лопез.

Младинскиот репрезентативец на Шпанија ќе добие зелено светло за промена на клупската средина но заинтересираниот клуб ќе мора да испрати официјална понуда не помала од 15 мил. евра.