Мораториум врз смртната казна во државата Вашингтон

Гувернерот на американската држава Вашингтон, Џеј Инсли воведе мораториум врз смртната казна, изразувајќи надеж дека ова ќе им даде време за „присоединување кон растечката национална дебата за смртната казна“, пренесоа американските медиуми.

Инсли истакна дека го донел тоа решение по многу месеци на проценување, средби со членови на семејствата на жртвите, обвинителите и спроведувачите на законот.

„Примената на смртна казна е контрадикторна и неправилна“, истакнал гувернерот, додавајќи дека мораториумот ќе остане во сила се додека тој е гувернер.

Тоа значи дека ако до него дојде дело, за кое е изречена смртна казна, тој ќе ја поништи пресудата, но тоа не значи дека осудените ќе бидат помилувани и пресудите ќе им бидат заменети со друг вид казна. Осудените на смрт само ќе останат во затвор.