Моравме да го продадеме Салах за да играме во ЛШ

Најдобриот фудбалер на „Ливерпул“, Мохамед Салах, морал да биде продаден од „Рома“ за да може клубот од Рим да настапува во годинешнава Лига на шампиони, каде двата тима вчера се сретнаа во полуфиналето на лигата, изјави спортскиот директор на Рома, Мончи.
Египѓанецот беше најдобар на теренот во победата од 5:2 против својот поранешен клуб и постигна два гола, а имаше и две асистенции, но Салах, од респект кон поранешните соиграчи и фанови не ги прослави головите.

По убедливиот пораз Мончи рече дека римјаните не можеле да го задржат Салах во свои редови, и оти тоа било изнудено решение, поради финансискиот фер-плеј.

Јас го продадов Салах. Морав да ја прифатам реалноста. Го продадов за нешто помалку од 42 милиони евра, но постои големо објаснување за тоа. Моравме да го продадеме до 30.јуни. Да не ја реализиравме зделката, немаше да ја поминеме контролата на УЕФА и немаше да играме во Лигата на шампионите, а не пак да стигнеме како сега- до полуфиналето. Кога стигнав јас во „Рома“, клубот имаше понуда за Салах од 30 милиони евра. Потоа на него, заедно со бонусите, заработивме околу 50 милиони евра, објасни Мончи.

Спортскиот директор зборуваше и за средбата меѓу Ливерпул и Рома.

Бевме мртви, но тие самите не вратија во живот. Веќе еднаш направивме пресврт и мораме повторно. За неутралните навивачи и фановите на Ливерпул, ова беше навистина забавен натпревар, но овој резултат не боли нас, објасни Мончи.