Морбидна шега – Бараа откуп за Тијана, па се извинија!?

Основачите на контроверзната страница на социјалната мрежа Фејсбук „Тијана Јуриќ- Како да се дојде до неа“, брзо го смениле изгледот на страницата, ја симнале сликата на киднапер со дете и поставиле известување дека тоа го направиле за да привлечат внимание на јавноста поради потрагата по исчезнатото девојче. Но, по неколку минути целата страница е избришана.

Како што објави српскиот „Телеграф“, полицијата трага по лицата кои ја поставиле оваа страница, а според оперативните податоци од терен, во прашање е бизарна шега. Претходно „киднаперите“ напишале „Се извинуваме поради непријатностите. Само сакавме да привлечеме внимание на јавноста. Со цело срце сме со Тијана Јуриќ“.

Да потсетиме, синоќа е направена групата „Тијана Јуриќ- Како да се дојде до неа“. Тука беа напишани „условите под кои таа ќе биде пуштена на слобода“.

„Во замена за Тијана бараме милион динари. Таа во моментот е на безбедно место. Ако во рок од седум дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме“, ова е дел од пораката објавена на ФБ групата.

 

tijana1