Морено не се пали на Ливерпул

Повремениот репрезентативец на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на Севилја, Алберто Морено, ја демантираше пласираната шпекулација дека побарал да биде продаден на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

„Јас во ниту еден момент не сум побарал да бидам продаден. Никогаш не сум изјавил дека сакам да заминам од редовите на Севилја. Среќен сум во Шпанија, среќен сум во Севилја, играм за омилениот клуб. Има многу шпекулации околу мојата иднина, но единствената вистина е таа дека на 7 јули ги стартувам подготовките за новата клупска сезона. Уживам во летниот одмор, имав напорна сезона и сега не сакам да се замарам со новинарските шпекулации. Нема место за паника, за мојата иднина се грижи мојот татко и мојот агент”, изјави офанзивниот лев бек.