Морено од сончевата Шпанија се сели во ладниот Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е последниот клуб кој покажа интерес за малдинскиот репрезентативец на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на Севилја, Алберто Морено.

Гигантот е „Енфилд” е подготвен да одвои околу 16 милиони фунти за офанзивниот лев бек кој подолг временски период важи за голема желба и на раководните лица на Реал (М) и Наполи.

Репрезентативецот на Шпанија е еден од најзаслужните за одличната сезона на тимот од Андалузија кој по пауза од неколку години повторно го освои пехарот кој беше наменет за на најдобриот тим во годишнашното издание од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.