Морос го удри Лазаров, а потоа се извинуваше (ВИДЕО)

На големите репрезентации не им се сеедно кога некој си поигрува со нив. Така Шпанците како да ги фати вртоглавица кога во првиот дел нашите ракометари им „сервираа“ два цепелини.

Дефанзивниот лидер на „црвената фурија“ Виран Морос неспортски реагираше кон клупскиот другар Лазаров и за малку не го собори, трчајќи да се замени на клупата. Треба да се има стил и да се биде голем и во најтешките моменти.

Видео: Гол.мк