недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 52

Морси осуден на доживотен затвор за шпионажа

Египетски суд го осуди денеска поранешниот претседател на оваа земја Мохамед Морси на доживотна казна затвор поради шпионажа, а шестмина други лица се осудени на смртни казни, пренесува МИА.

morsi

Последни вести

Египетски суд го осуди денеска поранешниот претседател на оваа земја Мохамед Морси на доживотна казна затвор поради шпионажа, а шестмина други лица се осудени на смртни казни, пренесува МИА.

Судот го ослободи Морси од обвинението дека им доставувал на катарските власти доверливи документи, но го осуди на доживотна казна затвор поради водење на нелегалната организација „Муслиманско братство“.

Шестмината осудени на смртна казна, меѓу кои се двајца вработени во телевизијата „Ал Џазира“, се прогласени за виновни бидејќи за време на управувањето на Морси наводно изнесувале документи од секторот за национална безбедност до властите во катар, како и на „Ал Џазира“, чие седиште се наоѓа во Доха.

Тие се осудени во отсуство, а уште имаат право на жалба.

Морси во јули 2013 година е соборен од власта со државен удар, а веќе е осуден на смртна казна во друг судски случај.

Најчитани вести