Морската сол во служба на убавината

Нашето тело содржи иста концентрација на минерали и нутриенти како морската сол, па не е чудно што таа е природен сојузник за баланс, заштита и обнова на нашата кожа.

Една од главните разлики помеѓу морската и обичната сол е нивната содржина на минерали: морската сол е преполна со минерали (калциум, магнезиум) кои имаат клучна улога во одржувањето на здравјето на кожата…

Како можете да ја користите морската сол за одржување на убавината на кожата…

Маска за заштита

Измешајте морска сол и мед кои имаат противвоспалителни својства, ја смируваат кожата и ги поправаат неправилностите. Ваквата маска ќе ја врати влажноста на кожата. Помешајте две лажици морска сол и четири лажици мед. Оставете ја мешавината на кожата десетина минути, па исплакнете го лицето.

Маска за чистење на порите

Солта продира длабински во порите, ја балансира маснотијата и ги уништува бактериите кои можат да предизвикаат појава на акни. Растопете една лажица морска сол во чаша вода, сипете ја течноста во шише со прскалка и еднаш на ден нанаесете на лицето.

Пилинг за тело

Благодарение на минералите морската сол ја омекнува и хидрира кожата. Направете од четврт шолја сол и иста количина маслиново масло густа паста. Ставете на дланките и нежни нанесете на саканото подраќје. Потоа исплакнете со топла вода.

Купка за релаксирање

Солта ја апсорбира нечистотијата и длабински ги чисти порите. Минералите од неа ја обновуваат заштитната бариера и ја задржуваат влажноста на кожата. Додадете половина шолја сол во топла купка и опуштете се во неа петнаесет минути до половина час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.