Морските лавови добија ново живеалиште во Зоолошка (ФОТО)

Морските лавови добија ново живеалиште во Зоолошка
Морските лавови добија ново живеалиште во Зоолошка

Во скопската Зоолошка градина денеска се отворија нови живеалишта за морските лавови и за мал фламинго. На промоцијата на новите живеалишта присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

Би сакал да изразам благодарност до Државна лотарија на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации, како и до компанијата АДИНГ со чии донации и голема помош успеавме да го изградиме ова живеалиште. Со изградбата на овие живеалишта и денешното претставување на морските лавови, Зоолошката градина во Скопје добива уште една нова атрактивна содржина за своите посетители. Би сакал да им честитам и на луѓето од Зоолошката градина кои изминативе неколку години, преку макотрпна работа успеаја зоолошката градина да ја претворат во една од најпосетуваните места во Скопје. Град Скопје изминативе неколку години инвестираше големи финансиски средства за изградба на живеалишта во Зоолошката градини и ние оваа поддршка ќе продолжиме да ја даваме и во иднина, изјави градоначалникот Трајановски.

l1

Живеалиштето на морските лавови и мал фламинго е лоцирано на југоисточниот дел во зоолошката градина. Базенот со вода, како основен дел од живеалиштето е со зафатнина од 450 м3. За квалитет на водата е воспоставен циркулационен круг низ регулациона шахта, пумпна станица за нечиста вода, пречистителна станица за отпадни води, резервоар за пречистена вода, самоиспирачки автоматски филтер, циркулациони пупми, УВ стерилизатор за дезинфекција на водата, дозатор на сол и др.

l3

Овој проект е финансиран со средства од ЈУ “Зоолошка градина Скопје”, како и од донации од Државна лотарија на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации. Хортикултурното уредување на просторот околу живеалиштето е уредено од страна на ЈП “Улици и Патишта”, ЈП “Паркови и Зеленило”, ЈП “Комуналана хигиена”, како и компанијата АДИНГ.

Изведувач на објектот е МГИ ИНВЕСТ ЛТД ДОО Скопје, а вкупната инвестиција за изградбата на овие живеалишта изнесува 6.358.082 денари.

lav4

 

Покрај новите живеалишта, денеска во Зоолошка беше промовиран и новиот мултифункционален едукативен центар, што всушност претставува адаптација и надградба на старото живеалиште на нилскиот коњ.

lav5

Новиот мултифункционален едукативен центар на Зоолошката градина ќе има повеќе намени, каде истиот ќе се користи како едукативен центар за деца и млади, информативен центар за посетителите, истиот може да се користи и како игротека, а во истиот ќе може да се одржуваат разни предавања, семинари и состаноци. Проект за новиот мултуфункциски објект во Зоолошката градина го изработија Филип Богатинов и Проектанското биро при СГГУГС “Здравко Цветковски”, додека изведбата е на компанијата “Квалитет Бетонида”, изјави портпаролот на Зоолошката градина, Дане Кузмановски.

Израдбата на мултуфункциски објект во Зоолошката градина е финансирана од сопствени средства на ЈУ “Зоолошка Градина Скопје”, за што се издвоени 5.747.847 денари.