Московици: Переговорите меѓу Грција и кредторите не одат брзо

Pierre Moscovici, ministre de l'Economie, des Finances et du Commerce exterieur, dans son bureau a Bercy

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московици изјави дека разговорите меѓу Грција и нејзините кредитори за постигнување договор се водат „под подобри услови“, по воспоставувањето политичка група за преговори со Атина, но сепак додаде дека „преговорите не одат доволно брзо“, објави МИА.

– Преговорите се сериозни, затегнати и има напредок, но не се доволно брзи и начинот е неефикасен, рече Московици додавајќи дека сега на маса треба да се стави „согласна, сеопфатна и кохерентна програма за реформи“.

Осврнувајќи се на новиот преговарачки тим, европскиот комесар рече дека „имаме тим, кој се чини оти е повеќе кохерентен, по се изгледа повеќе подготвен за реформи“.

– Но, сакам резултати. Верувам дека овие преговори кои сега се формираат под подобри услови, се уште не се завршени, додаде тој истакнувајќи дека сега се е „итен случај“.

Она што е важно, според Московици, е дека Ципрас ги презема преговорите и испраќа во Брисел свои луѓе, луѓе од доверба со кои може да се разговара.

– Од оваа гледна точка тоа е добар знак… ЕУ сака Грција да остане во еврозоната и не постои план Б, не постои друго решение, истакна Московици.