Москва: 2.000 лица евакуирани поради пожар во трговски центар

Во трговскиот центар „Москва-сити“ во руската престолнина, гори магацин со површина 40 метри квадратни, пренесе „Интерфакс“, повикувајќи се на службата за итни ситуации.

Пожарот избувнал на првиот подземен кат на зградата. Околу 2.000 лица се евакуирани од трговскиот центар поради пожарот.

Претходно беше соопштено за уште еден пожар во ште еден трговски центар во Москва.