Москва бара заштита на цивилните пилоти на летовите за Киев

Русија ја обвини Украина за нарушување на меѓународната конвенција и загрозување на живoтите, бидејќи не им дозволува на руските пилоти и посадата на патничките авиони да се истоварат по слетувањето во Киев.

Министерството за надворешни работи соопшти дека украинската гранична служба не му дозволува на авионскиот екипаж да се одмори на начин кој е предвиден со безбедносни прописи, откако ќе пристигнат во главниот град на Украина.

Руските власти ја добија оваа информација од руската авиокомпанија „Аерофлот“.

„Русија инсистира Украина безусловно да ја прекине оваа неодговорна пракса, која ја загрозува безбедноста на цивилните авионски летови,“ се наведува во соопштението на Министерството за надворешени работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.