Москва: Црна Гора е „вовлечена“ во НАТО

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека потпишувањето на Протоколот покажува дека политиката на САД е „инертна“ и дека Црна Гора е „вовлечена“ во Алијансата без да се земе предвид мислењето на Црногорците.

– На овој потег гледаме како на приказ на инертната политика на Вашингтон, што ја одразува логиката на конфронтација на европскиот континент и развојот на новите линии на поделба. Ние констатираме дека волвекувањето на Црна Гора во НАТО се случи без земање предвид на реалното мислење на народот на оваа балканска земја, стои во соопштението.

Белата куќа на 11 април официјално соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го одобрил пристапувањето на Црна гора во НАТО.