Москва: Декларацијата законска, Крим се повика на ставот околу Косово

Декларацијата за независноста на Крим, која што ја усвоиле парламентарците на таа автономна република, се повикува, меѓу останатото, и на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата околу Косово од 22-ри јули 2010-тата година.

Министерството за надворешни работи на Русија соопштило дека декларацијата е законска. Отповиканиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, повторно се обратил до јавноста од Русија, порачувајќи дека ќе се врати во Киев штом условите го дозволат тоа.

Руската влада денеска ја истакна потребата од почитување на интересите на сите Украинци, како и „почитување на правата на граѓаните на Крим независно да одлучат за својата судбина во рамки на нормите од меѓународните закони“. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тој став го пренел во телефонски разговор со американскиот колега Џон Кери.