Свет

Москва демантира дека илјадници руски војници се убиени во Украина

Москва демантира дека илјадници руски војници се убиени во Украина

Руското Министерство за одбрана ги нарече „целосна лага“ тврдењата на портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко дека според податоци на оперативното разузнавање на територијата на Украина загинале илјадници руски војници, објави МИА.

Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков напомена досега повеќе пати е забележан механизмот на функционирање на украинската „информативна вртелешка“, во која измислени соопштенија преку повеќекратно повторување се претвораат во „реален факт“, што потоа го пренесуваат водечките западни медиуми.

– Денес недостига само последниот елемент од таа вртелешка, а тоа е објавување на таа лага во некој од водечките западни медиуми. Очигледно нема да чекаме долго, нагласи портпаролот на руското Министерство за одбрана.