Москва демантира дека рускиот хуманитарен центар во Ниш е шпионски центар

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова оцени денеска дека се апсурни обнвинувањата на американски официјални лица дека рускиот хуманитарен центар во Ниш е шпионски центар.

– Се слушаат совршено несфатливи, апсурдни и измислени обвинувања како во Студената војна, дека станува збор за шпионско гнездо на Русија на Балканот што би требало да биде опасност за американскиот контигент на Косово, изјави Захарова на прес конференција.

Според неа, центарот заедно со Србија е замислен како хуманитарна мисија ориентирана на работа на Балканот. Таа доадде дека неколкупати на американскиот амбасадор во Белград му е испратена покана да го посети центарот, но тоа не е прифатено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.