Москва го обвини Израел за соборување на рускиот воен авион над Средоземјето

Рускиот воен авион од типот „Ил-20“ со 15 членови на екипажот е соборен по вина на Израел, и Русија го оценува акциите на израелската војска во сириската покраина Латакија, каде што се наоѓа руската воздухопловна база Хмејмим како непројателиски, оцени во вторникот портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, додека Франција објави истовремено дека нема вмешаност на нејзините сили во Средоземјето во исчезнувањето на рускиот авион во понделникот ноќта.

Како што истакнал Конашенков за новинарите, израелските пилот, го искористиле летот на „Ил-20“ за да се задскријат при нивните ракетни напди врз сириската инфраструктура, со што го изложиле рускиот авион на удар на сириската противвоздушна одбрана.

„Ил-20, чијашто ефективна рефлектирачка површина е значително поголема од авон од типот Ф-16, бил соборен со ракета од системот С-200“, прецизирал Конашенков.

Истакнал дека пилотите на израелските „F-16“ не можеле а да не го видат рускиот авион, бидејќи тој дошол до точката за слетуање на височина од пет киломери. Сепак, тие намерно се решиле на провокација, обвини портпаролот на руското министерство за одбрана.

„Како рузултат на неодговорните дејствија на израелската војска загинаа 15 руски војници. Ова апсолутно е во псротивност со духот на руско-израелското партнерство“, додал Конашенков.

Генералот истакнал, исто така, Израел воопшто не ја предупредил руската команда во Сирија за планираната борбена операција, што досега била вообичаена практика.

„Преку ткн жешка линија известивањето дошло на помалку од една минута пред нападо, што не му овозможило на рускиот авион да се префрли во безбедна зона“, укажал Конашенков.

Рускиот воен портпарол предупредл дека Министерството за одбрана го задржува правот на соодветени мерки за одговор на израелското дејствување.

Амбасада на Израел во Москва одбила да ја коментира оваа информација. Ноќта кон вторникот израелската војска одбила да ја коментира информацијата на руското министерство за одбрана за нападот на израелските воздухопловни сили врз Сирија во времето кога исчезнал рускиот авион. „Ние не коментираме извештаи од странство“, изјавила за агенцијата РИА портпаролката на израелската војска, откако се консултирала со надредените.

Авионот „Ил-20“ исчезнал од радарите во текот на нападот на четири израелски бпрбени авиони „F-16“ во покраината Латакија. Во истиот регион во водите на Средоземното Море се наоѓала о француската фрегата „Auvergne“, а рускиет системи регистрирале лансирање проектило од овој брод.

Откако во понеделникот ноќта не го коментираше инцидентот, во вторникот портпаролот на франциската војска изјави дека Франција не е вмешана во исчезнувањето на рускиот авион над Сирија. „Негираме каква и да е вмешансот“, изјавил портпаролот Патрик Стеиже.

Неименуван американски фунцкионер во Вашингтон изјави дека верува оти авионот „Ил-20“ бил случајно урнат од противвоздушната алтирелија на сириската влада. Во време на израелскиот воздушен напад врз градот Латакија, кој се наоѓа во близина на руската база Хмејмим во која авионот се враќа по набљудувачка мисила, бил под напад на непријателски ракети, па е одговорено со проттивоздушната одбрана којашто пресретнала неколку израелски проектили.

Авионот од типот „Ил-20“ е летало наменето за радиолектронско разузнање и извидувањ, како и за радиоелектронска борба. Според експертите покажал одлични перформанси во текот на борбените дејствија во сирија, координирајќи го нападоте на руските воздухопловни сили, вклучително и ланирањата на крстосувачките ракети „Калибар“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.