Москва: Исламска држава најверојатно користи хемиско оружје

Москва смета дека постои голема веројатност Исламска држава да користи хемиско оружје во Сирија, изјави Михаил Уqанов, шеф на оделението за непролиферација и контрола на вооружувањето во руското Министерство за надворешни работи, пренесува Танјуг.

Уљанов, исто така, побара истрага за можна достава на компоненти за произведување на сарин од Турција во Сирија, наведувајќи ги доказите кои неодамна ги претставил еден турски претставник.