Москва ја осудува воинствената и антируската нова нуклеарна доктрина на САД

Русија ќе биде принудена да ги земе предвид пристапите отелотворени во новата нуклеарна доктрина на САД, којашто има воинствен и антируски карактер во новиот извештај за нуклеарното оружје објавен во петокот, реагираше во саботата руското министерство за надворешни работи предупредувајќи дека ќе бидат преземени неопходните мерки за заштита на руската безбедност од САД.

„Од првото читање во очи паѓа воинствениот и антируски карактер на овој документ“, оценува руското министерство за надворешни работи во соопштението, изразувајќи „длабоко разочарување“ од документот на за новата нуклеарна доктрина на САД.

„Секако, ќе мораме да ги земеме предвид овие пристапи коишто сега кружат во Вашингтон и да ги преземеме мерки за зачувување на нашата безбедност“, порачува руската дипломатија.

САД во петокот објавија дека сакаат да развиваат ново нуклеарно вооружување со послаба моќност, укажувајќи дека наводно Русија се вооружува во овој сегмент. Стручњаците поради тоа стравуваат од нова трка во вооружувањето и зголемување на ризикот од нуклеарна војна.

Москва во саботата го осуди „обидот да се доведе во прашање нејзиното право на легитимна одбрана“. „Се надеваме дека Вашингтон е свесен од зголеменото ниво на опасност од овие директиви од аспект на практичното воено планирање“, наведува руското министерство за надворешни работи.

Москва оценува дека американскиот документ е пол со антируски клишеа чудни обвинување за наводно агресивно руско однесување, сите можни форми на мешање во руската ингеренции и неосновани обвинување за кршење на низа договори за контрола на вооружувањето.

„Го гледаме тоа како неправеден обид на Вашингтон да ја префрли врз другите сопствената одговорност за влошување на ситуацијата кога станува збор за меѓународната и регионалната безбедност и неурамнотежноста на механизмот за контрола на вооружувањето, што е резултат на низа неодговорни потези на самите САД“, додаваат од Москва.

Русија уверува дека „строго ги почитува своите обврски врз основа на меѓународните договори“ и дека и покрај сѐ е подготвена да соработува со САД на градењето на „стабилни односи“ и „зачувување на стратешката стабилност“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.