Москва ќе ги суспендира американските GPS сајтови на руска територија од јуни

Русија ќе ја забрани работата на сите американски GPS сајтови на нејзина територија, почнувајќи од 1 јуни , рекол рускиот заменик премиер, Дмитриј Рогозин,  кој е задолжен за вселенски и одбранбени индустрии. – објави Раша Тудеј вчера.

„Почнувајќи од 1-ви јуни ќе ја запреме работата на овие станици на руска територија“ – рекол Рогозин.

Тој истакнал дека американски GPS станици се лоцирани на територијата на Русија, според договорот, кој датира 1993 и 2001 година.

„Според овој договор има 11 GPS-станици, на територијата на 10-те руски федерални субјекти “, рекол Рогозин .

Тој нагласил дека Москва и Вашингтон имаат рок до 31 мај да се согласат за прашањето за поставување на руските ГЛОНАСС станици на територијата на САД.

„Отпочнуваме преговори кои ќе траат три месеци. Се надеваме  дека до крајот на летото, овие разговори ќе донесат решение кое ќе овоможи нашата соработка да биде обновена на основа на пропорционалност и паритет“- рекол Рогозин.

Но доколку преговорите не дадат резултат, работата на 11-те Американски GPS станици ќе биде „перманентно прекината“ од 1-ви септември, предупредил тој.

Дмитри Рогозин, исто така рекол дека Москва ќе ги повлече руските ракетни мотори кои Вашингтон ги користи за лансирање на своите воени сателити.

„Доколку немаме гаранции дека нашите мотори нема да бидат користени за лансирање само на не-воени вселенски летала, нема да можеме да ги испорачуваме на САД“ – се наведува изјавата на Рогозин.

„Доколку ваквите гаранации не се обезбедат, руската страна нема да биде во можност да го испорачува одржувањето на моторите за САД, како досега.“ – додал Рогозин.

САД се потпира на руско производство на RD- 180 и NK – 33 мотори за лансирање воени и цивилни сателити во вселената. НАСА вели дека е мала веројатноста да произведе целосно оперативен ракетен мотор од сопствено производство пред 2020 година.

Според Рогозин , Москва не планира да се согласи со понудата на САД за продолжување на работата на Меѓународната вселенска станица (International Space Station – ISS).

„Во моментов проектираме дека ќе имаме потреба од ISS до 2020“ – рекол Рогозин. „Мора да разбереме колку профит создаваме од користењето на станицата, да ги пресметаме трошоците и во зависност од резултатите да донесеме одлука за наредните чекори.“

Американската вселенска агенција НАСА претходно побара од Рускиот Роскосмос да го задржи ISS во орбитата до 2024 година.

САД и ЕУ воведоа неколку бранови на санкции кон Русија, заради несогласувањата околу кризата во Украина. Санкциите опфатија замрзнување на имотите и забрана за патување на десетици руски политичари и бизнисмени, како и прекинување на заедничките проекти во различни области, вклучувајќи ја и соработката за вселенските проекти.

Рогозин истакнал дека Русија ќе примени сопствени рестриктивни мерки единствено како одговор на санкциите кои и  се наметната од страна на Западот.

„Нема да бидеме први кои ќе воведат санкции, особено во областа на високата технологија. За нас е тоа прашање на ангажман на нашите специјалисти.“ – рекол Рогозин.