Москва ќе продолжи да испорачува гас до Украина

Европската унија успеа во преговорите во Брисел да издејствува спогодба меѓу Киев и Москва за продолжување на испораката на руски гас за Украина до крајот на март и со тоа да обезбеди транзит на гасот за Западна Европа, соопшти синоќа Европската комисија.
Москва се закануваше дека на 3 март ќе ја прекине испораката за Украина доколку не ја прими исплатата однапред како што било договорено во минатиот октомври.
Ситуацијата се усложни откако Русија почна директно да ги снабдува со гас регионите под контрола на сепаратистите на кои претходно Киев прекина да им доставува гас.