Москва му забрани влез на директорот на канцеларијата на Коѕијас

Забрана за влез во Русија за директорот на политичката канцеларија на Никос Коѕијас и протерување на двајца грчки дипломати се „контра мерките“ на Москва, откако Атина протера двајца руски дипломати, а за двајца забрани влез.

Како лична порака до министерот за надворешни, работи Никос Коѕијас би требало да се карактеризира одлуката на Москва да забрани влез во Русија за шефот на неговата политичка канцеларија, Јоргос Сакелариу, коментира грчкиот весник „Та неа“.

Дипломатски извори за грчките медиуми, одлуката на руското МНР, ја опишале како „несиметричен“ потег, бидејќи Атина презела мерки затоа што имала јасни докази за активностите на Русите во Грција. Истите извори најавиле дека Атина ќе одговори соодветно.

Атина е решена да оди до крај во обидот за имплементирање на Договорот од Преспа за конечно решавање на прашањето за името на ПЈРМ. Ако резултатот од референдумот во Скопје на 30 септември е „да“ за употреба на ерга омнес името Република Северна Македонија, грчката влада ќе оди напред, па дури и под ризик да се „скрши“ коалиционата влада СИРИЗА- Независни Грци, пишува „Хафингтон пост“ и додава дека Ципрас откако „измерил“ дошол до заклучок дека „перспективата на Скопје во НАТО и ЕУ ќе биде долгорочно во корист на грчките интереси“.

 Наспроти ова, Москва смета дека Атина им служи на интересите на НАТО и го олеснува проширувањето на сферата на влијание на Американците на Балканот и во Југоисточниот Медитеран. Тоа е тешко за прифаќање за руската надворешна политика, со голема гео- стратешка цена. Со овие факти, 30 септември се развива во рок за целосна реорганизација на соодносите во нашиот регион, коментира „Хафингтон пост“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.