Москва не дозволува одржување на геј парадата

Властите во Москва не дозволуваат одржување на геј парада, која активистите планираат да ја одржат кон крајот на месецов.

-Ги предупредивме организаторите дека парадата нема да биде дозволена и ги известивме за ризиците, доколку се одлучат да не ја почитуваат забраната, изјави портпаролот на градоначалникот на Москва, Алексеј Мајоров.

Градските власти не дадоа никакво објаснување за забраната на геј парадата, но таквата одлука не претставува изненадување за организаторите, бидејќи нивното барање за одржување на парада секоја година се одбива.

Секој пат кога геј активистите ќе се обидат да одржат некој јавен собир, московската полиција брзо ги растерува.

Организаторите оваа година пријавија две собирања и геј парада на 30. мај, а очекуваа дека на овие настани ќе се соберат неколку стотина луѓе.