Москва не планира продолжување на контактите со ЕУ

Москва не ја разгледува можноста за продолжување на контактите со Европската унија, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на соопштение на заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков. “Ние не размислуваме за спроведување на средба меѓу Русија и Европската унија”, рече тој.

Мешков изјави дека меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и високиот претставник на ЕУ Федерико Могерини, е планирана средба, која ќе се одржи “на полето” на Советот на министрите за надворешни работи на земјите од ОБСЕ во Базел.

Алексеј Мешков истакна дека Москва не планира да пројави иницијатива во одмрзнувањето на контактите со ЕУ. “Не ние ги замрзнавме контактите со ЕУ, затоа нема ние да ги одмрзнување. Тие ги замрзнаа контактите со нас и ако пројавуваат иницијатива, ние ќе ја разгледаме “, додаде тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.