Свет

Москва: Оние кои не се поврзани со ИД не треба да се плашат

Москва: Оние кои не се поврзани со ИД не треба да се плашат

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денес изјави дека оние во Сирија кои не се поврзани со терористите и не ги поддржуваат не треба да се плашат од руските воздушни напади.

– Сакам уште еднаш да повторам – руските воздухопловни-вселенски сили во Сирија вршат напади исклучиво против претставници на меѓународниот тероризам и оние кои им помагаат. Оние, кои не се терористи, не им помагаат и не ги координираат своите потези со терористичките организации, нема од што да се плашат, истакна Захарова.

Таа нагласи дека сите активности на Русија во Сирија имаат една главна цел, а тоа е помагање на политичкото решение.

– Без тоа не е можно да се обнови единството и суверенитетот на оваа земја на цела територија, да гарантира стабилност и соживот на сите етнички и конфесионални групи, додаде портапролката на руското МНР.

Захарова, исто така, истакна дека официјална Москва воочува позитивна динамика во воените контаки меѓу Русија и САД, како и дека е против прекин на „комуникацискиот канал“.