четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 32

Москва остро го осуди американскиот напад врз силите на владата на Сирија

Според сириската службена новинска агенција SANA, американските авиони бомбардирале позиција на сириската армија на автопатот кај градот ел-Танаф, и притоа загинале неколку војници

REUTERS/Ammar Abdullah

REUTERS/Ammar Abdullah

Поврзани вести

Заменикот руски министер за надворешни работи Генадиј Гатилов изјави во петокот дека американскиот воздушени удар врз владините сили во Сирија е „апсолутно неприифатлив“ и дека претставува директно нарушување на сирискиот суверенитет, додека официјален Дамаск порача дека нема да биде „заплашен“ од ваквите акции.

Американските сили во меѓународната коалиција што ја предводат во наводната борба против тероризмот во Сирија и Ирак, во четвтокот извела напад врз сили на локалните милиции кои се борат на страната на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, сметајќи дека претставувале закана за вооружената бунтовничка сила која на југот од земјата ја има поддршката на Вашингтон, пренесе агенцијата Reuters повикувајќи се на американски воени извори.

Според сириската службена новинска агенција SANA, американските авиони бомбардирале позиција на сириската армија на автопатот кај градот ел-Танаф, и притоа загинале неколку војници, рекле претставници на командата на сириската војска.

Со нападот извршен во четвртокот доцна вечерта, сириски извори за Reuters, рекле дека станува збор за веќе трет таков напад со кој се попречуваат операциите на сириската армија против џихдистичката групација Исламска држава.

Заменикот руски министер за надворешни работи Генадиј Гатилов предупреди дека американскиот напад нема да помогне во напорите да се изнајде политичко решение на веќе шест иполгодишниот судир во Сирија.

„Тоа е целосно неприфатливо и претставува кршење на сирискиот суверенитет“, рече рускиот дипломат пренесе агенцијата ТАСС. Притоа Гатилов потсети дека последната рунда од меѓусириските преговори во Женева доведе до одредени резултати, покажани на почетокот од дискусијата за уставните прашања.

Официјален Дамаск, исто така, во петокот го осуди нападот на коалициските сили предводени од САД, порачувајќи дека нема да бидат „заплашени“, откако американските авиони го нападнале конвојот на провладините сили кој се движел кон гарнизон во близината на границата со Јордан.

„Овој дрзок напад на таканаречената меѓународна коалиција го разоткрива лицемиерите на нивните закани дека се борат против тероризмот“, јави сириската државна телевизија.

Коалицијата предводена САД во соопштението наведе дека ги гаѓала „прорежимските сили.. кои претставувале закана за САД и партнерските сили“, пренесе агенцијата AFP.

Најчитани вести