Москва остро и одлучно бара да сопре украинската воена операција

Официјална Москва одлучно денеска побара од Западот да „престане со деструктивната политика спрема Украина“ и ja обвини Украина за грубо кршење на обврските од Женевскиот договор на 17 април.Побара од Киев неодложно да престане со „казнената операција и секакво насилство над сопствениот народ.“

„Од оние кои се прогласија за власт во Киев, одлучно бараме неодложно да се прекине казнената операција и секакво насилство над сопствениот народ, ослободување на политичките затвореници и потполна слобода во извршувањето на активностите од страна на новинарите,“ наведено е во соопштението на руското МНР.

На тој начин како што велат ќе се овозможи конкретен процес на деескалација на конфликтот.

Украинските безбедносни сили утринава во Славјанск започнаа специјална операција во која загинаа двајца украински војници и еден проруски бунтовник.

Русија изрази револт поради воената операција во која учевствуваат терористи и други ултранационалистички организации.