Москва подготвена да соработува со Лондон во истрагата за поранешниот руски шпион

Кремљ соопшти во вторникот дека е подготвен да соработува со Велика Британија, доколку таа побара помош во инцидентот во врска со поранешниот руски двоен шпион кој е пронајден во критична состојба , наводно по контакт со непозната сипстанција.

Шеесет и шестгодишниот Сергеј Скрипал, поранешен полковник во резервниот состав на руското воено разузнавање ГРУ врбуван за британската разузнавачка агенција МI 6, осуден на 13 години затвор за предавдство а во 2010 година разменет со САД за десети руски државјани, се наоѓа и во втроникот во критична состојба откако во неделата е најден без свест заедно со 33-годишна жена на клупа во град во јужна Англија. Според британската истрата, наводно биле изложени на дејство на засега непозната супстанција.

„Никој не ни упатил такво барање. Москва секогаше е подготвена да соработува“, изјавил за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање дали британските власти барале помош од руските за овој случај.

Замолен да ги коментира шпекулациите на британските медуми дека руските власти го отруле Скрипал, Песков изјавил „Не им требаше многу време“. Нарекувајќи го овој инцидент „трагична стуација“, додал дека Крем нема информации за тоа што се случило.

„Немаме информации за тоа која би можела да биде причината (за инцидентот), што ова лице работело и со што би можело да биде поврзано“, истакна Песков додавајќи дека не е запознаен дали Скрипал уште е руски државјанин.

Британската антитерористичка полиција помага во истрагата за утврдување на тоа што ја предизвикало лошата здраствена состојба на Скрипал, изјави во вторникот највисокиот британски офицер задолжен за антитероризам, Марк Роули.

Полицајци во неделата на клупа во комплекс на трговски центар во градот Салисбери нашла две лица во несвест. Тие добиваат лекарска нега поради „изложеност на непозната супстанција“, а и натаму се во критична состојба, потврди полицијата.

„Станува збор за многу необичен случај и важно е да се утврди што ја предизвикало болеста што е можно поскоро“, според Роули, кого го цирите BBC.

Лесниот воено-транспортен повеќенаменски авион „Ан-26“ е наменет за транспорт на стоки на куси и средни дестинации. Може да се користи за превоз на патници на седишта како клупи поставени по должината на трупот на леталото а достигнува восочина до шест илјади метри.

Во 2006 година воениот суд во Москва го осуди полковникот во резервниот состав на ГРУ, Сергеј Скрипал, на 13 години затвор. Во време на неговата служба во руските вооружени сили во средината на 1990-те години, тој бил врбуван од британското разузнавање MI6 до коешто доставувал информации кои носеле ознаки државна тајна.

Скрипал замина во Велика Британија откако беше помилуван од рускиот претседател и заедно со уште двајца осуденици за шпионажа разменет за десет руски државјани затворени во САД под обвинение за шпионажа.

Односите меѓу Лондон и Москва се затегнати од труењето на поранешниот агент на КГБ Александер Ливиниенко во Британија во 2006 година, за што британската истрага првично утврди дека „веројатно го одобрил“ рускиот претседател Владимир Путин, но овој случај сѐ уште е на суд.