Москва подготвена за извлекувањето на групите за мундијалот

Руската престолнина Москва е подготвена за одржувањето на ждребот за групите на светското фудбалско првенство коешто ќе се одржи во петокот во московскиот дворец Кремљ.

На извлекувањето на селекциите кои ќе ги формираат групите ќе присуствуваат повеќе од 1.400 гости, меѓу кои 30 до 32 селектори на репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство. Акредитирани се околу 1.500 новинари од целиот се, а во самата организација на настанот ќе помагаа околу 450 волонтери.

Ангажирани се и 18 преведувачи кои ќе ја преведуваат програмата на пет јазика: англиски, германски, шпански, француски и руски.

Победничкиот пехар на сцената ќе го донесе германскиот фудбалер и најдобар стерелец во историјата на светските првенства Мирослав Клозе, а програмата ќе ја водат англиската фудбалска ѕвезда Гери Линекер и руската новинарка Марија Команднаја. Во програмата ќе учествуваат и поранешните фудбалски ѕвезди Диего Марадона, Лорен Бланк, Гордон Бенкс, Кафу, Фабие Канаваро, Диего Форлан, Карлес Пујол и Никита Симонјан.

„Имав среќа да настапам на две светски првенства како играч и знам со колку нестрпливост играчите го очекуваат ждербот. Горд сум што ќе бидам дел од овој спектак“, изјави Линекер.

Репрезентациите се распоредени во четири групи според рејтингот на ФИФА табелата. За носители покрај домашната селекција на Русија се поставени и Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.

Ждребот ќе биде полудиригиран, па така во иста група нема да може да бидат две репрезентации од ист континент. Исклучок е Европа којашто може да даде најмногу две селекции во иста група. Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи.

Мудијалот ќе трае од 14-ти јуни до 15-ти јули, а ќе се игра во 11 градови и на 12 стадиони. Градови домаќини се Москва со два стадиона, Санкт Петербург, Калининград, Казан, Нижни Новгород, Ростов на Дон, Сочи, Екатеринбург, Самара, Саранск и Волгогорад.

Особено внимание Русија ѝ придава бебедноста, особено поради нејзината борба против џихадистичките групи во Сирија и исламистичките групи во кавкаскиот регион, како и доселениците од земјите од централна Азија кои на Блискиот исток се бореле на страната на Исламската држава. Меѓутоа, организаторите најавуваат дека Светсткото првенство ќе биде едно од најбезбедните што значи ниво на безбедност коешто никогаш претходно не е видено.