Москва: Повлекувањето на вооружувањето можно, ако се согласи Киев

Повлекувањето на тешкото вооружување од зоната на конфликтот во Доњецкиот басен е можно веднаш, доколку Киев за тоа е подготвен, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, пренесе МИА.

Во соопштението се наведува дека во согласност со одредбите на Меморандуморт од Минск од 19 септември и работниот документ до 13 ноември минатата година „неопходно е веднаш да се пристапи кон практични активности на тереност, доколку Киев навистина искрено е подготвен на взаемно повлекување на тешкото вооружување“.

– Раководителите на Доњецк и на Луганската Народна Република веќе ставија потписи под усогласениот распоред, се додава во документот.