Москва предупреди дека извештајoт на американските демократи за „руското мешање“ ќе им наштети на односите

Кремљ во четврокот го карактеризираше извештајот на пратениците на американската Демократска партија во кој ја обвинуваат Русија за наводно мешење во претседателските избори во САД како шетни за билатералните односи но и за самите Соединети држави.

Пратениците на Демократската партија ја обвинија Русија во средата за „немилосреден напад“ врз демократските институции ширум светот и го повикаа републиканскиот претседател Доналд Трамп наводното руско мешање во американските избори да го третира како национална криза.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој во повеќе наврати ги отфрлаше обвинувањата на американски разузнавачки функционери за „руското мешање“ барајќи докази, во телефонски разговори за повеќе медиуми повторно повтори дека Русија ги отфрла обвинувањата дека се мешала во изборите во САД или во кои и да се други избори.

„Кога станува збор за антируските кампањи, сето што можеме да го кажеме е да изразиме жалење и да повториме дека овие обвинувања остануваат неосновани“, рекол Песков.

Демократите од сенатската комисија за надворешни работи во својот извештај на 200 страница пишуваа дека речиси 20 години Русите се обидувале да влијаат врз политиките ширум Европа и во целиот свет критизирајќи го Трамп дека премалку работи на проблемот. Така, сенаторите „мешањето“ на Кремљ во изборот на американскиот претседател го споредуваат со јапонскиот напад врз Перл Харбор на почетокот од Втората светска војна и со терористичките џихадистички нападо од 11-ти септември 2001 година.

Водечкиот демократски сенатор во комисијата Бен Кардин изјави во средата коментирајќи го извештаот дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе турка толку далеко колку што смее, доколку ние не го оттурнеме“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.