Балкан

Москва предупредува дека изјавите на Рама се закана за територијалниот интегритет на неколку земји во регионот

Москва предупредува дека изјавите на Рама се закана за територијалниот интегритет на неколку земји во регионот

Неодамнешните изјави на албанскиот премиер Еди Рама за Србија, во контекст на Косово и Македонија, се полни со нешто што би можело да предизвика нови етнички конфликти на Балканот и се закануваат на територијалниот интегритет на неколку земји во регионот, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„Ние посветивме внимание на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, на 14 јануари, во врска со вмешаноста на неговата Социјалистичка партија во процесот на формирање на (поранешната Ослободителна војска на Косово) ОВК и битката за Косово во соседна Србија, како и придонесот на земјата во процесот на донесување на законот за употреба на јазиците во Македонија, со кој албанскиот доби статус на втор официјален јазик“, се вели во соопштението рускиот министер за надворешни работи, цитирано од ТАСС.

Официјална Москва нагласи дека неговата реторика покажува дека се работи за напредување на „озлогласената“ тиранска платформа, во чие формирање, како што се наведува, бил вклучени лично Рама.

„Ставањето во пракса на мерките утврдени во овој документ е преполно со она што ги поткопува уставните темели на македонската државност – Охридскиот договор, а како резултат на тоа, носи етнички немири во регионот. Сето ова оди во согласност со амбициите за „Голема Албанија“ и се заканува на територијалниот интегритет на неколку земји во регионот“, велат од министерството во Москва.

Рама претходно изјави дека неговата Социјалистичка партија има најголем придонес за носењето на Законот за употреба на јазиците во Македонија, со кој албанскиот јазик стана втор официјален јазик во државните институции и во сите заедници каде живеат повеќе од 20 отсто од членовите на албанското малцинство.