Свет

Москва: Прошетка во знак на сеќавање на Немцов

Москва: Прошетка во знак на сеќавање на Немцов

Во Москва денеска ќе биде одржана прошетка во знак на сеќавање на убиениот лидер на опозицијата Борис Немцов, наместо првично планираниот голем митинг. Предвидено е учесниците да се соберат во 14 часот по локално (12 часот по средноевропско) време, додека прошетката ќе почне еден час подоцна, јави ТАСС, а пренесе МИА.

Руските власти синоќа издадоа одобрение за собирот и дозволија присуство до 50.000 луѓе.

Немцов е убиен во петокот доцна синоќа во центарот на Москва, во близина на Кремљ, ден пред големиот митинг што го подготвуваше опозицијата. По неговото убиство припадниците на опозицијата се откажаа од митингот, но побараа наместо тоа да се одржи „марш на жалоста“.

фото: BBC