Москва против создавањето на војска на Косово

Официјална Москва се противи на идејата да биде формирана војска на Косово, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова коментирајќи ја изјавата на помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.
Мичел по средбите со претставниците на власта во Косово и Србија на двете страни им рекол дека САД подржуваат формирање на вооружени сили на Косово.

– Создавањето војска на Косово, структура што на ниту еден начин не се приближува до државната, уште повеќе ја зголемува и онака напнатата ситуација- рече Захарова.

Мичел на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Косово има право да формира професионални сили, кои ќе се занимаваат со безбедноста и кои би вклучувале и Косовски Срби дека тоа не претставува никаква закана за Србија и за Србите.
Сепак, тој нагласи дека за тоа би била неопходна промена на Уставот,која пак не би можела да помине без подршка на малцинските заедници во парламентот.