Москва разгледува дополнителни мерки против Западот

Москва работи на потенцијални дополнителни контрамерки во случај западните земји да и воведат нови санкции, соопштија денеска руските официјални лица.

„Разгледуваме неколку опции. Повеќе пати нагласивме дека Русија не е заговорник на реториката санкции, како што и не е и онаа која ги покрена. Но, во случај ако нашите партнери продолжат со нконструктивноста, па дури и деструктивната пракса, ќе бидеме приморани да воведеме дополнителни контрамерки“, изјави Димитриј Песков, портпарол на претседателот Владимир Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.