Москва се надева дека Европа гледа објективно на ситуацијата во Украина и Крим

Москва се надева дека европските партнери гледаат објективно на ситуацијата во Украина и Крим, истакна министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на почетокот на состанокот со својот кипарски колега Јоанис Касулидис, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Ние ќе разговараме за ситуацијата во Украина и во Крим. Се надевам дека нашите европски партнери гледаат објективно ситуацијата во земјата“, истакнал Лавров.

Министерот додал дека планира да разговара со својот кипарски колега за билатералните односи меѓу двете земји.

Од своја страна Касулидис истакнал дека на средбата ќе бидат разгледани прашањата за дијалогот меѓу Кипар и Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.