Москва: Сирија ќе го предаде хемиско оружје до март

Сирија ќе почне со извозот на хемиско оружје и овој процес ќе заврши до март, истакнал рускиот заменик- министер за надворешни работи Генади Гатилов.

„Сиријците вчера соопштија дека во февруари ќе започнат со изнесувањето на хемикалии од земјата. Тие се подготвени овој процес да заврши до први март, рекол Гатилов, пренесе „РИА Новости“.

Крајниот рок за предавање на оружјето изминува оваа недела, но тој очигледно нема да биде испочитуван, пишува „Гардијан“. Договорот беше постигнат при преговори меѓу Сирија, Русија и САД.

Вашингтон го критикува доцнењето на режимот во Дамаск, а во разговорите меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров, беше договорено Москва да изврши притисок на Владата на Башар ал Асад.

Сирискиот претседател досега, тврди дека доцнењето е поради логистички проблеми и пропусти во безбедноста.