Москва: Уапсени 20 приврзаници на ИД

Околу 20 приврзаници на Исламска држава се уапсени во Москва додека се обидувале да регрутираат нови борци за таа екстремистичка организација, јави МИА, повикувајќи се на руски медиуми.

За време на заедничка операција на Федералната служба за безбедност и полицијата, уапсени се околу 20 луѓе осомничени за врски со Исламска држава, наведува извор од полицијата во изјава за руски медиуми.

Според првичните информации, тие регрутирале нови членови во Москва.