Москва: Учеството на сириската опозиција во „Женева-2“ не е потврдено

Составот на делегацијата на сириската опозиција на конференцијата „Женева-2“ се’ уште не е одреден, соопшти заменик министерот за надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов пред трилатералниот состанок на Русија-САД-Обединетите Нации, во Женева за подготовка на форумот. Според него, нема и конечна одлука за подготвеноста на сириската опозиција да учествува во преговорите, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Гатилов прецизира дека сириската Влада ќе земе учество на конференцијата без предуслови.